
За програмата
Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е резултат на соработката меѓу Црвен крст Охрид и Мировниот корпус. Оваа програма е во времетраење од 14 недели и е наменета за ученици од прва, втора и трета година средно образование. Програмата интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. „Млади лидери создаваат иднина“ е дизајнирана за да ги зајакне лидерските вештини на учениците и да им помогне како лидери да земат учество во нивната заедница, како и за да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери.
Упатство за пријавување
„Млади лидери создаваат иднина“ е програма наменета за учениците од прва, втора и трета година во средните училишта во Охрид. За да се пријавиш за посетување на оваа програма, следи ги следниве чекори:
-
Кликни на копчето подолу за да ја преземеш апликацијата (Word документ).
-
Пополни ја апликацијата во целост.
-
Зачувај го пополнетиот Word документ со име што ги содржи: твоето презиме, твоето име и датумот на аплицирање.
-
Испрати ја апликација на programa.mladi.ohrid@gmail.com