top of page
За програмата

Програмата „Млади лидери создаваат иднина“ е резултат на соработката меѓу Црвен крст – Охрид и Мировниот корпус. Оваа програма е во времетраење од 14 недели и е наменета за ученици од прва, втора и трета година средно образование. Програмата интегрира неделни работилници, екскурзии, развој на проекти и практикум за волонтирање со цел учениците да прераснат во активни граѓански лидери во нивните училишта и заедници. „Млади лидери создаваат иднина“ е дизајнирана за да ги зајакне лидерските вештини на учениците и да им помогне како лидери да земат учество во нивната заедница, како и за да стекнат вештини и ресурси потребни за да се стремат кон компетитивни работни кариери.

ЦЕЛИ И ПРИДОБИВКИ

Цел 1: Да се подготват учениците за долгорочно активно граѓанство и учество во заедницата.

Цел 1.1: Развој на вештини за граѓанско лидерство преку неделни работилници и екскурзии што градат вештини за свест за различностите, самодоверба, позитивна комуникација, тим билдинг, волонтерство, младинско лидерство и активизам.  

Цел 1.2: Развој на вештини за развивање проекти преку планирани работилници и пораст на учеството во младински проекти преку општествено-корисен проект што е планиран, разработен и спроведен од страна на учесници во програмата.

 

Цел 2: Учениците да развијат вештини за вработливост и чувство за цел и инцијатива.

Цел 2.1 Развој на вештините за вработливост на учениците во текот на неделни работилници посветени на идентификација на животни и работни цели, пишување резиме/CV, претставување на интервјуа и јавно говорење.

Цел 2.2 Учениците да стекнат знаење и ресурси потребни за да се стремат кон можности во образованието и компетитивните кариери преку локален панел на кариера, информации за летни образовни и работни програми за размена, како и обезбедување можности учениците да учествуваат во локални работни/едукативни програми за практиканти.

 

ОПИС:

Времетраење: четиринаесет недели (две програми годишно, од феврурари до мај и од септември до декември)

 

Јазик: македонски. Наставата во целост ќе се одвива на македонски јазик.

 

Реализација: Серија од неделни работилници, екскурзии и практикум за волонтирање наменети за поддршка на развојот на младите во активни граѓани преку зголемување на нивното учество во заедницата и во младински проекти, да помогнат во развојот на нивните вештини за вработливост, како и за справување со вообичаените родово базирани стереотипи и дискриминација. Работилниците и другите предвидени активности ќе бидат реализирани од страна на домашни наставници и професионалци.

 

НАЈЗНАЧАЈНИ КОМПОНЕНТИ НА НАСТАВНИОТ ПЛАН (3 фактори):

ФАКТОР број 1 – РАБОТИЛНИЦИ

Учениците ќе посетуваат и ќе учествуваат во неделни работилници дизајнирани за подобрување на животни вештини, вештини за граѓанско лидерство и вештини за вработливост.

 

ФАКТОР број 2 – ПАНЕЛ ЗА КАРИЕРА

Учениците ќе посетат панел за кариера составен од локални професионалци и организации. Панелистите ќе зборуваат за локалниот пазар на труд, за начинот на кој ја избрале својата кариера, за вештините и знаењето потребни за да се успее во нивната професија и за подготовките за кариера во нивната професија. „Млади лидери создаваат иднина“ ќе работи со локални компании и организации за организирање работни/едукативни практикантски програми во кои учениците ќе можат да пријават. 

 

ФАКТОР број 3 – ЕДУКАТИВНИ И РАБОТНИ ПРОГРАМИ ЗА РАЗМЕНА

Учениците ќе посетат информативен настан дизајниран да ги информира за многуте и различни типови едукативни и работни програми што им се достапни. Учениците ќе бидат подготвени и охрабрени да бараат компетитивни едукативни и работни можности преку пријавување за летни работни програми и практикантства на локално и национално ниво и во странство.

 

 

ПОСЕБНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПРОГРАМАТА:

1. Проект од корист за заедницата: Во текот на програмата, учениците ќе добијат задача (како група) да идентификуваат проект корисен за заедницата и да го менаџираат до неговото завршување. Тие ќе бидат одговорни за сите аспекти на проектот вклучувајќи ги почетниот брејнсторминг, визијата и дефинирањето на целта, планирањето на чекорите за дејствување, собирањето средства (ако тоа е потребно), имплементацијата на проектот и евалуацијата на резултатите од нивните активности.

2. Екскурзии: Учениците ќе одат на две планирани екскурзии за да им се овозможи да дојдат во контакт со пошироката заедница, волонтерството, професионалното граѓанско лидерство и ангажман. Екскурзиите можат да бидат обиколка на Мировниот корпус и/или канцелариите на Еразмус+ во Скопје, посета на годишниот Саем на образование и кариера во Скопје или други заинтересирани македонски организации.Во исто време, учениците можат да посетат едукативни музеи и други културни маркери или облици на уметност (како што е национален театар).

3. Евалуација на програмата: Во текот на програмата, учениците ќе имаат задача (1) да покажат компетентност за определени задачи (на пример, пишување резиме, јавно говорење) и (2) да извршат самопроценки посочувајќи промени во ставовите, учењето и/или однесувањето. На крајот на програмата, учениците формално ќе ја оценат програмата и ќе им достават фидбек на организаторите и ќе се обврзат на активности што ќе можат да ги преземат за да продолжат активно да учествуваат во заедницата. Дополнително, на ученците ќе им бидат доделени менторски улоги за новата група ученици во текот на следното спроведување на програмата.

bottom of page